Викториски фестивал на постари лица (Macedonian)

Information about the Victorian Seniors Festival

Викторискиот фестивал на постари лица се одржува во октомври секоја година. Викторискиот фестивал на постари лица е прослава на постарите жители на Викторија.

Викторискиот фестивал на постари лица опфаќа илјадници бесплатни и евтини настани ширум Викторија.

Вклучете се во забавата во октомври

Во октомври општините организираат специјални настани и активности за прославување на постарите и возрасните луѓе.

Бесплатен јавен превоз за носителите на викториската Seniors Card (картичка за постари лица)

Носителите на викториската Seniors Card можат да користат 8 дена бесплатен јавен превоз секој октомври.

Дознајте повеќе

  • На веб-страницата Seniors Online ќе најдете календар на фестивалските настани и датумите на бесплатен јавен превоз во октомври seniorsonline.vic.gov.au/festival
  • Контактирајте со вашата општина за информации за настаните во вашата област.
  • Јавете се на службата за корисници на Seniors Card на телефон 1300 797 210 од 9 наутро до 2 попладне во работни денови.
  • За помош на други јазици јавете се на телефон 131 450 и побарајте да се јават на службата за корисници на Seniors Card на 1300 797 210 меѓу 9 наутро до 2 попладне во работни денови.

Updated